Цената на ЕУРОДИЗЕЛ од вечерва на полноќ се зголемува за три денари, а цената на бензините останува иста.

Така од полноќ цената на ЕУРОДИЗЕЛ ќе биде 97,5 денари. ЕУРОСУПЕР 95 ќе се продава по 86,5 денари по литар, а на ЕУРОСУПЕР 98 ќе се продава за 89 денари по литар.

Се зголемува и цената на екстралесното масло за домаќинство за 2,5 денари, и сега ќе чини 94,5 денари. Цената на мазутот од полноќ ќе изнесува 51,3 денари, или зголемување за 1 денар.