Снимки од масакрот што се случи утрово во градинка во Тајланд се појавија на социјалните мрежи. Според неофицијални информации на тамошните медиуми, поранешен полицаец пукал во полна градинка и убил најмалку 30 луѓе, меѓу кои и деца.

На видеото се гледа како луѓето плачат, вклучувајќи ги и родителите кои се во неверица.

Според последните информации напаѓачот се самоубил.