Непознати вандали вчера повторно го исчкртале споменикот на Гоце Делчев во Градскиот парк во Скопје. Со боја од спрејови, исчкртан е постаментот на споменикот, кој редовно се оштетува и вандализира, а исчкртан е и плочникот пред спомен-обележјето.
Сепак, екипите на Коминална хигиена реагирале веднаш и го исчистиле споменикот, односно постаментот.























