Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека ги предала на Владата сите контакти од компании за кои Мицкоски тврдеше дека може да набави енергенси по двојно поевтини цени.

-Обврските кои ги имаше ВМРО ДПМНЕ се исполнети, предадени се контактите, и договорени се средбите после кои Владата треба да изменаџира за количини на гас и мазут, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Контактите се предадени на вчерашната средба на Мицкоски и економскиот тим со Ковачевски и членови на Владата. Од Владата, пак, најавија дека ќе бидат разгледани.