Земјите од Европската унија почнаа да ги повикуваат на разговор руските амбасадори во нивните престолнини како координиран одговор на руската нелегална анексија на украински територии, изјави денеска за ДПА официјален претставник на ЕУ.
Германија го повикала рускиот амбасадор во Берлин, потврди германското Министерство за надворешни работи за ДПА. Во министерствата за надворешни работи за понеделник се повикани руските амбасадори во Италија, Австрија и Данска. Во петокот веќе беше повикан рускиот амбасадор во Белгија.
Повикувањето го координира Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), дипломатската служба на ЕУ.