Наскоро започнува грејната сезона и вистинско време е да ги подготвите вашите радијатори за претстојната работа. Радијаторите можат да бидат жаришта за нечистотија и прашина, која се собира помеѓу решетките и просторот помеѓу ѕидовите.
Примарно е важно да се исчисти внатрешноста на радијаторот, што е обврска на градските електрани. Невообичаените честички, освен што ги иритираат алергичните, можат да ја намалат и ефикасноста на радијаторите. Според експертите, почестото чистење на радијаторите може да доведе до големи заштеди на вашата сметка за парно, пренесува Б92.
Експертот за водовод, Џон Лулес, објаснува дека прашината помеѓу перките на конвекторскиот радијатор може да го спречи излегувањето на топлината, што значи дека радијаторите ќе мора да работат понапорно и подолго за да ги загреат просториите во вашиот дом.
За чистење на радијаторот не е препорачливо да користите партали, бидејќи тие само расфрлаат честички од прашина, туку наместо тоа, експертите препорачуваат користење правосмукалка.
За радијаторските панели кои се премногу тесни за да може да помине додатокот за чистење, користете фен за коса, но со ладен воздух. Надворешноста на радијаторот треба да се измие со влажна крпа, а потоа со сува крпа.
„Понекогаш топлината може да предизвика нечистотија и прашина да се залепат на ѕидот над радијаторот. Затоа е важно да се исчисти и ѕидот зад радијаторот“, додаде Лулес.