Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по новинарско прашање околу последните случувања во ДУИ истакна дека не сака да коментира внатрепартиски случувања.

„Не би сакал да се мешам и да ги коментирам работите кои се внатрешни на политичките партии, тоа се нивни внатрешни работи. Јас само посакувам да имаме квалитетна политичка дебата со која Македонија ќе оди напред, а граѓаните ќе имаат надеж дека ќе имаат убава иднина. Да сумирам, случувањата во другите политички партии не би сакал да ги коментирам“, додаде Мицкоски.