Во САД се добродојдени Русите кои бараат азил од „непопуларната“ војна на претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави денеска портпаролката на Белата куќа, Карин Жан-Пјер.

„Ние веруваме дека без разлика на нивната националност, тие можат да поднесат барање за азил во САД“, рече таа.

Според неа, нивното барање ќе се разгледува од случај до случај.