Откако премиерот Димитар Ковачевски реагираше и преку социјалните мрежи порача дека никогаш не избегнувал служење на војска, а дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ не бира ниту средства ниту начин за да го сврти вниманието на јавноста од големите корупциски скандали и превирања во нивната партија, повторно се огласи Ковачки.

Тој вели:

Според тоа што објавувате, не може да се заклучи дали сте лажеле или сте биле трајно неспособен.

Ако требало да правите интервенција, тогаш ќе Ви даделе дијагноза ВРЕМЕНО неспособен и ќе Ве побарале после одреден период на ре-оценување.

Но, Вие сте приложиле документ со кој сте “Трајно Неспособен” и со таа дијагноза сте избегнале да служите војска тогаш кога државата Ве побарала.

Провидно!

Вие сте се криеле тогаш кога луѓе гинеле за државата која Ви ја оставија на тацна за да Вие денес си играте Премиер на државата, вели Ковачки.