Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на ТВ 21 не сакаше многу да зборува за денешниот напад од страна на градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска.
Арсовска треба да објасни што значи „шпицен градоначалник“. Нејзе треба да ја прашате. Тврдо е да се каже дека објавена е војна. На нејзината маса се наоѓа програмата за модерно Скопје. Се што ќе се најде на седница на Советот, сите проекти и политики ќе ги поддржиме. Се што е надвор од тој концепт, жестоко ќе го критикуваме. Јас можам да ја поддржам само да работи во интерес на граѓаните на Скопје, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски после жестоката реторика од страна на градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска.
Новинарот му рече на Мицкоски дека тие се обиделе да стапат во контакт со Арсовска за и таа да се вклучи во емисијата, но не можеле да стигнат до неа. Му предложи на Мицкоски дека се отворени да реализираат дебата помеѓу него и Арсовска.
На ова Мицкоски одговори:
-Можеби за таква дебата посоодветен би бил некој од советниците или претседавачот на Советот. Не дека јас одбивам дуел, туку за да имате подобра емисија. Јас сепак детално не сум запознаен со проектите во Градот.