Потпретседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби им честита на граѓаните по повод 8 Септември – Ден на Независноста.

-Преминавме тешки времиња, низ годините имавме подеми и падови, но конечно успеавме да ги скршиме бариерите на поделби и предрасуди преку потпишувањето на Охридскиот договор кој го отвори поглавјето на мирен соживот и еднаквоста, истакна меѓу другото Груби.

Во продолжение целосната честитка на Првиот потпретседател на Владата, Артан Груби:

Пред 31 година, со прогласувањето на независноста на нашата земја започна долгиот пат на последователни предизвици.

Преминавме тешки времиња, низ годините имавме подеми и падови, но конечно успеавме да ги скршиме бариерите на поделби и предрасуди преку потпишувањето на Охридскиот договор кој го отвори поглавјето на мирен соживот и еднаквоста.

Потоа останавме решени во нашите стратешки цели за напредок и евроатланска интеграција. Нашата земја успеа да стане полноправна членка на НАТО.

Почетокот на четвртата деценија на нашата независна држава не наоѓа со решени спорови со соседите и со почеток на преговорите за интеграција во Европската Унија, сосема поинаква слика, плод на посветеноста и заедничката работа.

Сега е време да рефлектираме за овие достигнувања и да останеме обединети со унапредување на процесот на интеграција со преземање на соодветните чекори во согласност со преговарачката рамка.

Заедно ќе го продолжиме патот на успесите! Нека ни е честит Денот на независноста на нашата земја – напиша Груби.