Во скопско Кадино денеска полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Ј.(31) од Скопје, кој од товарно возило  „мерцедес” одзел 50 литри нафта.

Од МВР информираа дека со него е извршен службен разговор во ПСОН Гази Баба каде го појаснил начинот на извршување на делото и признал дека извршил уште една тешка кражба, при што одзел нафта од автобус во село Миладиновци.

По документирање на случаите, ќе биде поднесена соодветна пријава.