ВМРО-ДПМНЕ тврди дека ТВ презентерката Бесмира Ејупи, која владата сакаше да ја прати за генерален конзул во Њујорк, од неодамна е вработена во Министерството за надворешни работи, како советник во одделението за правни работи.
Откако беше откриено дека за една година во 5 различни институции Ејупи заработила околу 12 илјади евра од државниот и од повеќе општински буџети, ДКСК покрена постапка и побара кривично да се гонат надлежните во институциите од каде и биле исплаѓани хонорари.
ВМРО ДПМНЕ денеска обвинува дека со новото вработување на Ејупи во министерството за надворешни, станува очигледно дека институциите служат за задоволување на апетитите и фрустрациите на функционери на ДУИ-СДСМ.