Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ смета дека има пратеници во ВМРО-ДПМНЕ кои ќе ги поддржат уставните измени за внесување на Бугарите во преамбулата во Уставот.
-Веруваме дека цело ВМРО-ДПМНЕ треба да го направи тоа, за да не го пропушти возот за поддршка за ЕУ. Го пропуштија возот за поддршка за членство во НАТО, а не би требало да го пропуштат за ЕУ, вели Маричиќ за Телевизија 24.