Почина актуелниот амбасадор на Република Северна Македонија во Германија Рамадан Назифи. Назифи беше амбасадор во Берлин од 2019-та година, а од 2009-та до 2013-та амбасадор во Швајцарија. Долги години работеше во Министерството за надворешни работи како кариерен дипломат. Рамадан, со кого изградив лично пријателство, беше извонреден човек и дипломат и ќе остане запаметен од колегите во Министерството,се вели во упатеното сочувство до семејството, пријателите и вработените во Министерството, од министерот за надворешни работи Бујар Османи.