Михаел Рот, пратеник од германскиот Бундестаг и претседател на Комисијата за надворешна политика, денеска во Скопје се сретна и со Антонио Милошоски.
„На средбата со претседателот на германската комисија за надворешни Рот, се заблагодарив за вниманието и поддршката за Македонија, но изразив жалење што ЕУ не успеа да го спречи агресивниот ревизионизам од Бугарија по однос на самобитноста и етногенезата на македонскиот народ“, напиша Милошоски во неговиот статус.
Милошоски, исто така, го повторил ставот на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ на средбата со Рот.
„Ја искористив приликата да го повторам ставот на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, дека сме против уцените од Бугарија за смена на Уставот, кој еминентниот германец Роман Херцог и французинот Роберт Бадентер го оценија со највисоки оценки“, вели Милошоски.























