Повеќе руски медиуми објавија дека поранешниот советски лидер Михаил Горбачов починал на 92-годишна возраст, пренесува РСЕ. Тие цитираат официјални лица од Централната клиничка болница во Москва кои велат дека тој починал доцна на 30 август „по тешко и продолжено боледување“.
Последниот советски претседател, Горбачов славно ги воведе „гласност“ и „перестројка“ во обид да го одржи Советскиот Сојуз во живот во последните години на Студената војна во доцните 1980-ти
Тој се спротивстави на употребата на војници додека продемократските протести ги зафатија земјите од Источниот блок во Источна Европа во 1989 година.