Северна Македонија да продолжи со реформите дури и кога тие предизвикуваат одредени политички поделби – порача американската амбасадорка Кејт Мари Брнз на доделувањето грантови за борба против корупцијата во Министерството за финансии.
Вели, еден од најголемите предизвици со кои се соочува Северна Македонија е корупцијата која го поткопува доброто владеење и ја саботира економската конкурентност.
Децидна e – во Северна Македонија недостасува одговорност и транспарентност, има непотизам и институционална дисфункција.