-Општина Арачиново ќе биде една од општините што ќе биде позитивен пример и за другите општини, дека навистина елементарните прашања како што е снабдувањето со електрична енергија, но и обврските што ги имаме како граѓани, ќе се одвиваат на фер и непристрасен начин, не дискриминирајќи никого.
Ова го изјави министерот за економија Крешник Бектеши во гостувањето во емисијата Клик Плус на ТВ21.
Бектеши притоа додава:
-Но, во исто време е обврска на институциите, почнувајќи од локалната до централната власт, да создадат основни услови за сите жители и да побараат од жителите да си ги исполнат обврските. За општина Арачиново со години се зборува, штета што во 21 век век зборуваме за средства кои ги издвојува Владата, за општина која континуирано е дискриминирана. Ние нема да застанеме тука, ќе одвоиме дополнителни средства за општина Арачиново, за изградба на канализација, водовод и слично“, изјави министерот за економија, Крешник Бектеши, во денешната емисија КликПлус на ТВ21.