Мотоциклист загина по излетување од патот кај селото Чифлик.

Утрово во 5:30 часот во СВР Штип е пријавено дека на патот од селото Чифлик кон манастирот „Св. Богородица” мотоцикл „томос”, управуван од Б.С. (67) од селото Чифлик, Кочанско, излетал надвор од патот.

Во несреќата на место на настанот починал Б.С.

Екипата од итна медицинска помош ја констатирала смртта.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Кочани.