„За да се надмине теророт, неопходно е да се извојува победа во борбата против руската агресија. Неопходно е да се ослободи Крим. Ова ќе биде реанимација на светскиот закон и поредок“, рече тој на самитот на Кримската платформа.
Зеленски повторно вети дека Украина ќе ја врати контролата врз Крим.
„Сè почна со Крим и ќе заврши со Крим“, рече Зеленски, според Ројтерс.
Неговите коментари се однесуваат на руската окупација на полуостровот во 2014 година, речиси една деценија пред почетокот на актуелниот конфликт.