Припадниците на домородното племе „Мбути“ се сметаат за најниски пигмејци, кои имаат многу необични обичаи.
Првите траги од племето „Мбути“ се забележани пред околу 4.500 години, кога биле споменати во египетските списи. Според последните проценки, заедницата брои околу четириесет илјади членови. Тие се познати по својот номадски начин на живот, но и по тоа што жените се грижат за речиси сите аспекти од животот.
Тие ја населувале територијата на тропските шуми наречена Итури, која се наоѓа на северот на Демократска Република Конго. Но, тоа не е под заштита и заедно со граѓанските немири се поблиску е и уништувањето на начинот на живот што го води ова племе.
Имено, за да обезбедат доволно храна за сите, тие се преселуваат на нови области на секои две до четири недели, со цел да ловат диви животни и да ги искористат природните живеалишта.
Куќите ги градат жени
Менувањето на живеалиштата е вообичаен начин на нивниот живот, но кога се работи за „Мбути“ главни и одговорни за изградба на куќички во населбата се жените. Во оваа прилика со стапчиња и гранчиња прават структура, а потоа низ нив поминуваат лисја. Но, нивната доминација се изразува и на други начини.
Покрај тоа, тие исто така собираат храна како јаткасти плодови, овошје и растенија, се грижат за деца и повремено учествуваат во лов на диви животни заедно со мажи.
Во последниве години храната што ја наоѓаат во дивината не им е доволна на сите членови, па овие жени на различни начини врзуваат крај со крај и најчесто одат на локални фарми да работат за да ги обезбедат потребните намирници. Очигледно, тие држат се во свои раце и ништо не препуштаат на случајноста.
Тие успеаја да ја зачуваат традицијата со векови
Низ вековите, тие се спротивставуваа на промените и ги задржаа своите традиции – чиј централен дел е церемонијата на премин во светот на возрасните. За девојчињата се вика Елима и го слави доаѓањето на првиот менструален циклус, а потоа стануваат девојчиња, на кои им е дозволено да се мажат и да раѓаат деца.
Обичаите налагаат девојката кога ќе ја добие првата менструација да оди во изолација. Во тој период постарите роднини ја учат на сите потребни вештини. Меѓу нив, особено е важна традиционалната Аманаза – оро изведено со помош на стапови, а сето тоа е придружено со одредена песна. Процесот може да потрае и до неколку недели.
Интересен начин да „најдете момче“
Момците од племето го чекаат девојчето да се врати дома. На враќање добива камшик со кој треба да го брка и фати дечкото по свој избор. Избраниот маж мора да одговори со фрлање камења и стапови.
Племето „Мбути“ нема поглавари и формални старешини кои решаваат проблеми и чиј збор е конечен. Затоа, кога мажот сака да се ожени, мора да организира брак по принципот на „размена на сестри“. Што значи дека треба да воспостави брак на една од женските членови на неговиот клан со маж од кланот на неговата идна невеста.
Потоа, родителите на невестата добиваат дивеч од зетот како подарок, што е своевидна потврда дека тој е подготвен да даде за сопругата и децата во иднина. Свадбата ја обележува поворка од луѓе, насликани во ровови, кои им даваат подароци на младенците, а потоа тие го продолжуваат патувањето од село до село со надеж дека ќе добијат храна или вино.