Со видно измената стартна постава и променет капитен, Наполи успешно ја стартуваше новата сезона во Серија А, славејќи на незгодното гостување кај секогаш непредвидливата Верона.
Advertisements
Тимот на Лучијано Спалети победи со 2:5 и тргна онака како што посакуваше, па иако е многу рано да се суди, добриот почеток сигурно ќе влијае врз самодовербата на Елиф Елмас и неговите соиграчи.
Македонецот доби шанса во второто полувреме и одигра речиси 30 минути на теренот, но пред првиот натпревар „ДАЗН“ направил интервју со нашиот репрезентативец и истото беше објавено сега во италијанската јавност.
– Си заминаа одлични играчи кои долги години беа тука во Наполи. Сега останаа само неколкумина важни играчи и сите почувствувавме нови обврски и одговорности, почнувајќи од нашиот нов капитен Ди Лоренцо.
– Сигурен сум дека новите играчи ќе ни подадат рака. Минатата сезона имавме одлично првенство, се надеваме дека ќе продолжиме исто и во новата сезона, – изјавил Елмас.
Од наполи ова лето си заминаа клучни играчи како Инсиње, Кулибали, Мертенс и Оспина, а дојдоа нови имиња како Остигард, Ангиса, Кварацхелија, Сиригу, Матијас Оливера и Мин Јае Ким.
Извор: дерби.мк