Визија, која мора да биде доволно јасна, конкетна и во склад со нивните потреби што ќе им овозможи со неа тие да ги идентификуваат своите амбиции и животот кој посакуваат да го живеат и ќе сакаат да го реализираат во својата држава., порачува вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

-Токму поради тоа започнавме да ја креираме Националната развојна стратегија 2022 – 2042 година, која се надевам дека ќе им ја овозможи таа јасна слика во која секој од нив ќе може да се види и препознае. Која ќе им дава насока но и слобода, слобода која се добива само кога се чувствуваш сигурен дека позади тебе стои силна и стабилна држава во која и со која можеш да ги реализираш сите твои замисли и потенцијали.

Иднина во која ќе можат да се замислат и да веруваат и знаат дека за нив е можна!

Ова е мојата мисија со која влегов во политика и поради која секое утро влегувам во канцеларија, вели Битиќи.