Министерот за образование на Австрија, Мартин Полашек, смета дека наставниците кои се заразени со коронавирус и немаат симптоми треба да ги подучуваат учениците, пишуваат медиумите во регионот.
Advertisements
Полашек истакнал дека укинувањето на карантинот важи и за наставниците заразени со Ковид-19 и дека тие, како и вработените во други области, треба да работат, со обврска да носат маска ФФП2.
Тој нагласил дека постојат единствени правила на Министерството за здравство за сите вработени и дека тие мора да се применуваат и за педагозите.
„Доколку се појави нов вид, кој исто така е многу заразен и води до сериозни болести, правилата ќе треба да се преиспитаат“, објаснил тој.
Најавил дека конечните правила за есента ќе бидат објавени на 29 август.
Покраините каде на 5 септември почнува новата учебна година, најавиле дека нема да ги принудуваат заразените педагози да предаваат во училиштата.
Синдикатот на наставниците го критикувал министерот Полашек.
„Тешко е да се разбере дека децата кои се позитивни на корона мора да седат во училницата, а наставниците кои се заразени да предаваат“, изјавил претседателот на синдикатот Пол Кимбергер./Makfax