Управата за јавни приходи информира дека прилагодената верзија на апликацијата МојДДВ, од денес е достапна и на Google playstore. Корисниците на апликацијата, треба првин на направат ажурирање (update) на МојДДВ  на playstore, а потоа да се најават на апликацијата и во делот ,,профил,, во прозорчето ,,тип на баркод скенер,, да одберат ,,напреден,,

Управата за јавни приходи, исто така информира и дека е во тек исплатата на дел од ДДВ, изразено во фискалните сметки  кон корисниците кои скенирале фискални сметки во второто тримесечје од 2022 година, а секој корисник може да ја провери состојбата на исплата од МојДДВ на својот кориснички профил на www.e-pdd.ujp.gov.mk