Сојузот на синдикатите на Македонија бараат корекции на платите поради зголемувањето на трошоците за живот. Минималните трошоци на едно семејство за јули изнесуваат над 47 илјади денари покажуваат пресметките на ССМ. Според нив семејства каде има двајца вработени кои имаат примања од една просечна и една минимална плата не можат да ги покријат трошоците. Истовремено имајќи предвид дека инфлацијата од 16 проценти ја обезвреднува вредноста на платите  износот од 18.000 денари колку што изнесува минималната плата во Македонија има реална вредност од 15.120 денари, а износот на просечната плата од 31.525 има реална вредност од 26.481 денар, со што значително е осиромашен македонскиот народ, велат од ССМ. Оттаму бараат итни усогласувања на платите за амортизирање на инфлаторниот удар, а тоа значи Владата да ги усогласи платите за 18,4 проценти до септември согласно Законот, а во спротивно, како што наведуваат, како што ги казнува Владата работници, така работниците ќе ја казнат Владата, укажуваат од ССМ.