Порталот Трибуна доби подолго видео од обидот на пејачот Ламбе Алабаковски да го запали културниот центар „Иван Михајлов“ во Битола. На видеото јасно се гледа како Алабаковски доаѓа со велосипед и истура запалива течност на влезната врата на клубот и врши неуспешен обид да го запали, ризикувајќи го дури и својот живот, а потоа бега од местото на злосторот.