Редакцијата на 4NEWS.mk ексклузивно ја објави снимката од безбедносната камера која го регистрираше палењето на бугарскиот културен центар во Битола од страна на пејачот Ламбе Алабаковски. Тој подоцна беше приведен, во полициска станица го призна делото, а судењето се очекува во септември. Алабаковски ќе се гони по делото за предизвикување општа опасност.