Првото место по воена моќ за 2022 година паѓа на САД. Првата тројка ја комплетираат Русија и Кина. Во топ 10 влегуваат и Индија, Јапонија, Јужна Кореја, Франција, Велика Британија, Пакистан и Бразил. Од земјите од балканскиот регион Турција е на 13. место, Грција е на 27. место, потоа Романија – 38. Србија, на 61. место, а потоа Хрватска – 62. Црна Гора е на 132 место, Албанија на 115 место, Северна Македонија на 135 место, Косово на 140 место. Проценката е направена откако се разгледани повеќе од 50 фактори, вклучувајќи ја големината на населението, бројот на расположлива воена работна сила, видовите на оружје и нивниот број, природните ресурси, логистичките способности, буџетот за одбрана и географската локација.