Намалувањето на потрошувачката на гас од 15 отсто во ЕУ ќе стапи на сила на почетокот на следната недела за да се компензира намалувањето на испораките од Русија, објави чешкото претседателство со Советот на ЕУ. Регулативата за намалување на побарувачката на гас е формално усвоена. Текстот ќе биде објавен во Службен весник на почетокот на следната недела и ќе стапи на сила еден ден по објавувањето, прецизираше Претседателството на својот Твитер профил. Тој треба да биде објавен во понеделник и ќе стапи на сила во вторник, изјави европски дипломатски извор.