Триесетина луѓе вечерва излегоа на протест за прекин на преговорите со Бугарија пред бугарската амбасада во Скопје. Демонстрантите со себе носеа транспаренти со кукасти крстови, знамето на ЕУ, натписи „бугарски администратори според ЕУ“ и знамиња со сонцето од Кутлеш.
На протестот е присутен поранешниот прв човек на градската организација на СДСМ во Скопје и лидер на политичката партија „Трета“ Љупчо Палевски-Палчо.
Демонстрантите сакаат прекин на преговорите со Бугарија.
Извор: Трибуна