ВМРО-ДПМНЕ не присуствуваше на обраќањето на премиерот Ковачевски на Мечкин Камен. Тие претходно положија цвеќе на спомен обележјата, но потоа заминаа.
Потпретседателот на партијата Александар Николоски тврди дека во протоколот биле пропуштани само партиски активисти на СДСМ, а граѓани, па и активисти на ВМРО-ДПМНЕ им бил забранет влезот бидејќи ги немало во протоколот. Тој тврди дека власта со автобуси носела активисти на прославата, а додава дека ниту на таков начин не можела да го наполни просторот околу Мечкин Камен.

-Заради ваквото партиско и политичко однесување, ние во овој момент ќе го напуштиме Мечкин Камен и нема да присуствуваме на обраќањето на претседателот на владата, затоа што очигледно, ова е партиска манифестација на СДСМ, а на митинзи на СДСМ немаме намера да учествуваме.

Новинар:  Ова ме мотивира да ви поставам прашање. Им беше ли кажано на граѓаните од кои причини не им беше дозволено да присуствуваат на настанот?

Одговор: Ги немало во протоколарната листа. Јас лично бев да интервенирам кај неколку, го повикав и владиниот протокол, ги немало во протоколарната листа, очигледно само членовите на СДСМ ги има во протоколарната листа и затоа ние сега ќе си заминеме.

Новинар: За колку лица се работи?

Одговор: За илјадници.