Власта на СДСМ ќе го доградува таканаречениот споменик на Мајка Тереза кој е дивоградба, се наоѓа среде улица, го блокира влезот на Плоштадот Македонија  и прекршува низа закони, објави порталот  САКАМДАКАЖАМ.МК .

„Ќе се распише конкурс на кој архитектите ќе можат да предложат решение како тој дел да се уреди и колку што може да се спаси просторот“, рече Костадиновска-Стојчевска не прецизирајќи кога точно ќе биде распишан конкурсот, пренесува СДК.мк

За објектите од „Скопје 2014“ меѓу кои и споменикот на Мајка Тереза, Владата на СДСМ по доаѓањето на власт во 2017 формираше работна група. Работната група во извештајот кажа дека оваа бетонска дивоградба треба веднаш да се урне затоа што освен што прекршува низа закони, ја загрозува и безбедноста на Плоштадот.