Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ја обвини Русија дека е „една од последните колонијални царски сили“ откако започна „територијална војна“ во Украина.

– Русија започна офанзива против Украина, тоа е територијална војна за која се мислеше дека е исчезната од тлото на Европа. Тоа е војна од почетокот на 20 век, дури и 19 век. Зборувам на континентот Африка кој претрпе колонијални империјализми, рече Макрон пред новинарите во Бенин, каде што е во посета.

По средбата со претседателот на Бенин, Патрис Талон, Макрон рече дека „Русија е една од последните колонијални царски сили“ бидејќи решила да ги брани сопствените интереси со инвазија на соседна земја.

Францускиот претседател, кој е на турнеја низ африканските земји, рече дека Русија започнала „нов вид хибридна светска војна“.

– Русија одлучи дека информациите, енергијата и храната се воени инструменти во служба на империјалистичката војна против Украина, рече Макрон.