Туристка била прилично изненадена кога сакала да се фотографира со член на Гардата на кралицата на Велика Британија, качен на коњ во Лондон, но тој ѝ се развикал…

Иако сликањето со Гардата е доста вообичаено, жената во еден миг ги допре уздите на коњот. Поради ова, војникот почнал да ѝ вика да се повлече и да не ги допира уздите.

Видео од сѐ тоа е објавено на Тик-ток, од нејзиниот посинок, кој напиша: „По овој инцидент, никогаш нема да се вратиме во Лондон“.

Но, според мнозина, жената ја преминала границата. „Што мислеше дека ќе се случи?“, „Ова е урнебесно, тие (коњи, гардисти, б.п.) не се тука за туристите“, „Овие чувари не се туристичка атракција. Веројатно не правите селфи со чуварите во ‘вашето село’,“ „Не допирајте ги уздите – сите го знаат тоа“, „Ова не е ‘Дизниленд’, ова се коњи на должност и ѝ служат на војската“ – гласат дел од коментарите.