Не можам да прифатам ситуација во која во Собрание се вика и се свирка против нешто, а после тоа не се гласа. Тоа ме загрижува. Не беше различен мојот став и ставот на опозицијата, меѓутоа тие едноставно направија измама. Ги измамија граѓаните. Кој можеше да претпостави дека таква ситуација во Собрание, толку гласно ќе протестираат, за потоа да дојде до молк и отсуство, вака режисерот Владимир Милчин го коментира односот на опозициските партии за време на расправата во Собранието околу информацијата од Министерството за надворешни работи, за предлог-преговарачката рамка за Република Северна Македонија со ЕУ, претставена од Француското претседателство со Европската Унија.
Според него, важно е како се води политика.
-Тие ги претставуваат граѓаните кои ги гласале и тие немаат право на тоа. Сега се зборува референдум. Не знам тоа дали е добро, но не верувам дека тоа може да биде добро резерви ако се залагуваат оние кои немаа храброст или доблест. Референдумот можеби може да биде добро решение. Во Будимпешта кај Орбан се и сегашниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ и поранешниот лидер на партијата (Никола Груевски). Мислам биле на иста средба, инаку не ми е јасно зошто би отишол Мицкоски таму. Истовремено кога Орбан вели дека Македонија е оштетена, еврокомесарот Вархеји кој е човек на Орбан, удира по опозицијата дека претерала. Ова е лукавост? Некој се мајтапи со нас?, прашува Милчин во вестите на Тв Сител.