Министерот за надворешни работи Бујар Османи имаше средба со неговиот колега од Португалија Жоао Крaвињо.
-Благодарност за силната поддршка на Португалија за евроинтегративниот процес на нашата држава и напорите за почеток на пристапните преговори со ЕУ за време на португалското претседателство, порача Османи, кој притоа додава:
-Одржувањето на првата Меѓувладина конференција во Брисел минатата седмица го означува почетокот на нова фаза во процесот и е од историска важност за нас, по 17 години кандидатски статус, соочени со многу предизвици на патот кон ЕУ. Остануваме силно посветени на реформските задачи кои ќе треба да ги исполниме во текот на преговорите и на градењето добрососедски односи како влог во нашата европска иднина. Задоволство од досегашниот развој на билатералните односи меѓу двете држави, со акцент на интересот од продлабочување на економските односи, вели Османи.