СДСМ бега од соочување на референдум, бега од избори, СДСМ се плаши од народот, велат од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму велат дека СДСМ знае дека предлогот кој го туркаат на чело со предавникот Ковачевски е штетен за Македонија и значи бугаризација на државата, и затоа бегаат од референдум.

-СДСМ знаат дека ако народот излезе на референдум ќе биде масовно против бугаризацијата и асималицијата која ја турка Ковачевски.

СДСМ избега од истите причини и од избори.

СДСМ знае дека народот не ги подржува. СДСМ се во борба за гола власт ден повеќе.

Народот ги прочита СДСМ. ВМРО-ДПМНЕ е заштитник на народот и нема да дозволи негова асимилација. Затоа референдумот е вистинската опција, која ќе гарантира излез од хаосот во кој власта ја втурна државата.

Народот не дозволува бугаризација, асимилација, негација на идентитетот, јазикот и историјата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.