Град Скопје формираше јавна установа за урбанизам „Кензо Танге“. Со тоа Градот, иако има Сектор за урбанизам, доби уште една институција во која ќе има нови вработувања, директор, членови на надзорен и управен одбор.

Во образложението на одлуката која денеска беше усвоена на Советот на Град Скопје стои дека целта на формирање на установата е подигање на стандардите и квалитетот на вршењето на работи од урбанистичкото планирање. За директор е назначен Антони Коршул, а дополнително треба да се изберат членови на управниот и надзорниот одбор. Колку вработени ќе има во одлуката не е наведено.

Оваа нова установа името го доби по јапонскиот архитект Кензо Танге кој го изработил урбанистичкиот план на Скопје по земјотресот 1963-та година.

Планот на Танге за Скопје