Голем број на светски агенции пренесоа видео прилог кој наводно е емитуван на руската државна телевизија за пар од Русија кои купиле нова лада. Ништо немаше да биде чудно доколку самата приказна не беше морбидна. Имено, таткото Ладата ја купил со парите кои ги добил од руските власти за нивниот син кој загинал на боиштето во Украина.
Во видеото прво се гледа фотографија од нивниот син, а потоа и парот како седат во соба. Потоа се покажува и Ладата, како таткото ја вози до гробиштата. Таткото во прилогот вели дека нова Лада, бела боја, била желба на неговиот син, па поради тоа ја купил.