Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен во интервју за австрискиот весник „Курир“ изјави дека рускиот претседател Владимир Путин нема да успее со уцените со енергенси и потенцира дека никој во Европа оваа зима нема да замрзне.
Путин од почетокот на војната во Украина се обидува да ја уценува и подели Европа со испораките на енергенси,но тој ќе доживее повторно неуспех, вели Фон Дер Лајен. Со предлогот на комисијата за намалување на потрошувачката на гас за 15 отсто од 1 август до 31 март, објаснува таа, можно е безбедно да се помине зимата дури и во случај на целосен прекин на испораките од Русија.
Лајен во однос на нормализирање на односите со Русија одговори дека нормален однос со Путин е незамислив.Таа ја отфрли можноста за суспендирање на поддршката на Украина.