Премиерот Димитар Ковачевски преку социјалните мрежи изјави дека во услови на кризна година, грижата за граѓаните продолжува. Како што вели тој, со ребалансот на буџетот предвидени се големи суми за поддршка на компаниите, но и граѓаните.
Во година полна со економски, енергетски и здравствени предизвици, продолжуваме со вистинска грижа за сите граѓани и се фокусираме на целокупен развој на државата.
Со усвојување на ребалансот на Буџетот за 2022 година изминатава недела, обезбедуваме економска стабилност и поголема финансиска поддршка за граѓаните и компаниите во оваа исклучително кризна година.
Обезбедени се:
-76 милиони евра за нови антикризни мерки
-32 милиони евра за зголемување на домашното производство на храна.
-Зголемени плати во образованието и детската заштита и нивна навремена исплата
-Повисоки пензии од септември за над 320.000 пениознери
-Субвенции за земјоделците
-Средства за развојни проекти
Ребалансот кој е поздравен од Светска банка и презентиран и пред граѓаните и пред бизнис заедницата, покрај одржување на макроекономската стабилност, цели и кон поддршка на економијата за враќање во предпандемиско ниво.





















