Жената која пред неколку дена се фотографирала со поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта, а потоа ја објавила фотографијата на социјалните мрежи, за Фокус открива како всушност настанала таа фотографија. Како што вели таа, згрозена е од невкусните коментари, сензационални наслови во порталите и шпекулациите и претпоставките.

Која е вистината за овој настан, во телефонски разговор за ,,Фокус” појаснува самата таа, која не по своја вина стана еден вид на сензација, но и жртва на злоупотреба на приватна фотографија.

Станува збор за сериозна жена, семејна личност, мајка и посветена здравствена работничка, која до пред два дена не можела ниту да претпостави дека фотографијата со нејзиниот лик ќе стане топ тема во земјава.

Како што појаснува, целата ситуација е класична злоупотреба на приватна фотографија, а против лицето кое без нејзино знаење и дозвола ја објавило со цел да и напакости, ќе следат правни постапки.

Целата сторија на сајтот на „ФОКУС“