Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски преку социјалните мрежи објави дека се асфалтира улица во населеното место Трубарево. Тој порачува и ветува дека нема да има ниту една улица со кал во оваа општина.

Дадениот збор се исполнува. Асфалтирана е улица 9 во Трубарево.

Акцијата за афсалтирање на локални улици ја опфати и улица 9 во населеното место Трубарево.

Досега се асфалтираа локални улици во Инџиково, Ченто, Јурумлери, Ергеле, Кирил Петрушевски и Трубарево.

Продолжуваме и во следните денови.

Молам за разбирање и трпение кај сите граѓани. Имаме план и визија. Инвестираме во патна инфраструктура како никогаш досега.

Новото време во Гази Баба ќе донесе улици без кал низ целата општината. За тоа го имате мојот збор!- напиша Стефковски