Иновативниот нов комплекс MODI LIVING кој се наоѓа во скопската населба Бутел 1, полека но сигурно станува место за живот преферирано од врвни европски фудбалери. Најнов член кој си обезбеди станбен простор во комплексот е бившиот капитен на Олимпик Марсеј, ПСЖ, Галатасарај, Сандерленд, а своевремено и капитен на албанската фудбалска репрезентација Лорик Цана.

Човекот кој живеел на различни места во Eвропа и светот во Modi Living, го пронајде вистинското место за престој во Скопје, и како што вели самиот, уникатната ботаничка градина, внатрешниот базен, градинката за деца, визијата на сопствениците овој комплекс изграден со најиновативни и издржливи материјали нествојствени за нашето поднебје, многу лесно го натерале да се одлучи токму тука да биде негово место за живот.

Од неофицијални инфомрации дознаваме дека и неколку членови на македонската фудбалска репрезентација исто така имаат купено станови во самиот комплекс.