Бугарскиот европратеник и копретседател на европските либерали АЛДЕ, Илхан Ќучук како историски ден за Северна Македонија и Албанија го означи денешното отворање на преговорите со Европската Унија, јави дописникот на МИА од Софија.

-Поздрав, драги пријатели! Да продолжиме заедно!, напиша Ќучук на Твитер.