На Дирекцијата за заштита и спасување на Република Северна Македонија денеска ќе и биде доделена донација во опрема од страна на Романија.
Како што информираат од ДЗС, со донацијата ќе се зајакнат капацитетите за одговор на Дирекцијата.
На настанот, како што посочуваат, ќе се обратат романската амбасадорка Моника Аксинте и директорот на ДЗС, Беким Максути.























