„Го поздравувам билатералниот протокол потпишан меѓу Бугарија и Северна Македонија“, напиша на Твитер европскиот комесар за проширување Оливер Вархеjи.

Министрите за надворешни работи на Бугарија и Северна Македонија вчера потпишаа билатерален протокол, со кој, според бугарските дипломати, се гарантира бугарската национална позиција.

Според Оливер Вархеји, потпишувањето на протоколот создава услови чешкото претседателство со Советот да ја свика првата меѓувладина конференција со Северна Македонија и Албанија со цел тие да ги започнат преговорите за членство во ЕУ.

„Европа оди напред!“, заклучува Вархеи во својот пост.