Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, на Твитер го поздрави денешното потпишување на билатералниот протокол помеѓу Северна Македонија и Бугарија во Софија. Ова, нагласува еврокомесарот, го отвора патот Чешка, која на 1 јули го презеде претседателството со ЕУ од Франција, да ги свика првите меѓувладини конференции со Скопје и Тирана.

„Го поздравувам билатералниот протокол потпишан помеѓу Бугарија и Северна Македонија. Ова го отвора патот чешкото претседателство да ги свика првите меѓувладини конференции за Северна Македонија и Албанија за отворање на пристапните преговори со ЕУ. Европа оди напред!“,порачува Вархеји во пораката на Твитер.